Ѓурчески: Премиерот не требаше јавно да споделува разузнавачки информации за платени руски ботови и политичари
Експертот за криминалистика и поранешен началник во мвр Љубомир Ѓурчески смета дека наводите на премиерот Ковачевски за постоење на платени руски ботови и политичари што ширеле хистерија за бугаризација и сознанијата за нив, не требало јавно да ги споделува. Смета дека тоа се разузнавачки информации кои треба да имаат свој епилог во институциите.