Урбаниот хаос и дивоградбите доведоа семејства и цела зграда во Скопје во опасност, на чекор до катастрофа
Foto

Урбаниот хаос и дивоградбите доведоа семејства и цела зграда во Скопје во опасност, на чекор до катастрофа

Заложници во сопствениот метар квадратен за време и по дождот во сопствената зграда поради доградба на поткровје и изградба на второ поткровје. Ова е станот на Дарко Стојановски чиј таван е на работ да се сруши, флеки, влага, мувла – кога врне дождот ја пробива електричната инсталација, пробива внатре па ни чадор не може да помогне, чарето е во кофите кои во станот ги има во сите големини. 

Проблемот, појаснува Стојановски настанл во 2016 година кога нивниот комшија Кирил Гајтановски започнал да ја крши плочата над нивниот стан предизвикувајќи оштетување, како што вели Стојановски, на комплетната хидро, топлотна и звучна изолација. Според Стојановски, најголемиот проблем започнал кога неговиот комшија посегнал по кровната тераса.. Сакајќи да го присвои цел простор ја нарушил статиката на целата зграда.  

„Тие што тоа го правеле практично ја извадиле комплетната изолација на заедничкиот рамен кров, што би значело терацо плочки,  подлога под терацо плочките, комплетната хидроизолација, термоизолација, падот за одведување  на атмосферската вода до сифоните. Не би сакал ова никому да се повтори во иднина. И е невозможно дури и да добијам одговор од инспекторот за домување во општина Центар дека па максималната казна за тоа е 300 евра што е бесмислено опа којзнае и дали ја изрекол. Апелирам до одговорните, сериозно да превземат се што е во нивна надлежност за измена и дополнување на Законот за домување.“ - вели Дарко Стојановски станар во зградата кој се соочил со проблемите во неговиот стан поради зафатот на кровната тераса. 

Градежните зафати на зградата се одвивале во очи надлежната институција – општина Центар. Управителот на зградата, инспекторатот за домување, секторот за домување во општина Центар  како и Одделението за извршување и спроведување во секторот на урбанизам во општината -сите биле известени. На 19.12.2018 година овластен градежен инспектор  изготвил записник од состојбата на терен и издал Решение по кое се постапило дури на 21.12.2020 година. Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека морало да чекаат две години заради запазување на постапките.

„Тука е искористен рамниот кров и некој си направил  надградба за да си добие деловен -станбен најчесто  станбен просотор каде што планирајќи веројатно дека некаде во идно време ќе успеел на некој начин да го легализира. Но општината со решение го запечатува тој објект, чека извесно време за да се расчистат сите правни дејства за да моѓе потоа да го острани тој објект. Така да од наша страна била завршена целата работа  и целата штета сега што е направена, односно сите трошоци што се направени треба да ги плати односно надомести сдамиот инвеститор на т.н. Дивоградба.“ - вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. 

ТВ24 стапи во контакт со Кирил Гајтановски како најповикан, во првичниот телефонски разговор прифати да даде свое видување на проблемите кои настанале на сметка на неговите дивоградби, но по еден час се предомисли со изговор дека не сака неговото име да се спомене во овој прилог за да не си наштети, како што кажа, на судските постапки кои се воделе.

Во меѓувреме, во станот на Стојановски и понатаму се води битка за преживување после секоја најава за дожд.За овој случај информирани се голем број на институции. Од народниот правобранител до судовите. Стојановски бара разрешница апелирајќи за итна санација на рамниот кров. Додека надлежните се сетат да реагираат на семејството му останува само да се моли на бога - за повеќе сонце, а помалку дождливи денови.

0 Коментари

Остави коментари