Ураганот „Исаја“ се движи кон Флорида

Ураганот „Исаја“ денеска ги погоди Бахамите предизвикувајќи материјална штета и се движи кон брегот на Флорида, а во Мајами се затворени плажите, пристаништата и парковите.

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон де Санти прогласи вонредна состојна во окрузите долж Атлантскиот брег, каде се очекува да помине ураганот.

Градоначаникот на Мајами, Карлос Химендес претходно изјави дека се отворени 20 центри за евакуација на жителите со почитуивање на мерките воведени поради пандемијата со Ковид-19.

Властите во Северна Каролина наредија евакуација на жителите на островот Окракок, што минатата година беше погоден од ураганот Доријан.

– Ураганот има брзина на ветерот до 135 километри на час и можно е да се зголеми, соопшти американскиот национален центар за урагани во Мајами.