„Ураган и касапаана“ - војната во ДУИ ескалира
Згрозен сум од пораките на Ахмети и јас кој го познавам 20 години повеќе не можам да го препознаам - вака потпретседателот на ДУИ и еден од фронтмените на таканаречената Огнена група, Изет Меџити ги коментираше пораките од синоќешниот митинг во Чаир.
Во телефонска изјава за Тв24 Меџити не прецизира дали двете групации на интегративците дошле до црвената линија, но признава -политичка поделба има, ќе чекаат прво да видат дали ќе бидат исклучени па потоа ќе размислуваат што понатаму. Повикувајќи се на контакти , изјави, анкети, вели е убеден дека 90 отсто од членството размислувало како „огнените' а и вчера на митингот имало се,само не чаирчани.
Ако нешто и потврди синоќешниот митинг е недвосмислената поддршка што лидерот Ахмети уште еднаш ја демонстрира за министрите од ДУИ и тоа во Чаир кој важи за бастион на огнените и му беше возвратена од Груби, Османи, Џафери како и од ветераните Асани, Алити и Адеми кои го почестија со своето присуство..Притоа не се штедеше на епитети за да се остави што поуверлив и посилен впечаток во јавноста за цврстата кохезија во ДУИ.
Еуфоријата продолжи и по митингот. Со постирани фотографии и двосмислена порака, најблискиот соработник на Ахмети, Артан Груби на Фејсбук напиша „Синиот океан на Чаир, му припаѓа самоп на Али Ахмети. Многу те сакам! , напиша Груби на социјалните мрежи.