Управниот суд ја одби првата жалба од Европскиот фронт
На избирачкото место 1194 ќе се прегласува откако Управниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт.
„Тужбата на тужителот Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ Предводена од Демократска унија за интеграција Движењето на народот ДН демократска партија на Албанците Европска Демократска Партија ЕДП Политичка Партија Бошњачки Демократски Сојуз БДС Изборна Кампања 2024 од Скопје изјавена против Решение УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година на тужениот орган Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Северна Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево , СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.Решението на Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија број УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година, за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Северна Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево, СЕ ПОТВРДУВА“ се вели во пресудата.