Управен суд заседава за одлуката на антикорупциската комисија – да се стопира процесот на избор на кандидатите во Академијата за судии и обвинители

Управен суд денеска одлучува по тужбата на Академијата за судиои и јавни обвинители во однос на одлуката на антикорупциската комисија која одлучи дека академија г прекршува изборниот законик бидејќи во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии. 

Приговорот до антикорупционерите го поднесе Силјаноска Давкова, која и денеска пред Управен ја бранеше својата претставка.

Ставот на Академијата за судии го бранеше директорката Наташа Габер Дамјановска.

Судечки совет на овој случај се Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска кои до крајот на денот треба да се произнесат за жалбата.