УПОЗ подготвува тужби

Синдикалците од пред Министерството за финансии го поканија премиерот Христијан Мицкоски одблиску да се запознае со барањата на работниците, а на министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и побараа да го одврзи ќесето и да им овозможи на работниците достоинствен живот за тие да вратат со продуктивност.

Синдикалците децидни - ако не се исполнат нивните барања протестите ќе продолжат, се размислува за одење на штрајк и за тужби до државата. 

Не прифаќаме дискриминација и ќе продолжиме да се бориме за праведно зголемување на платите за сите рече денеска синдикалецот, Зоран Ѓорѓиевскипотсетувајќи дека нема да се откажат додека не го добијат тоа што го заслужуваат. 

СДСМ бара власта да ги покачи платите на работниците во јавниот сектор. 

Синдикалците претходно побараа од СДСМ да не се лепат на протестите бидејќи имале 7 години да го решат проблемот, но направија се што можат да го забранат колективното договарање, па дури беа и првата Влада која поништи колективен договор. 

Од Владата потенцираат дека протестите се политички мотивирани, повикаа на дијалог потсетувајќи дека пари во буџетот за покачување на платите нема.