Уписи во средните училишта
Foto

Уписи во средните училишта

Со сведителства во рака, учениците ги наполнија дворовите и на гимназиите и на стручните училишта. Уписите во средното образование започнаа денеска и ќе траат и во наредните три дена. Како и секоја година, интересот е огромен за уписи во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Во стручните училишта пак се воведува дуално образование, па предвидено е учениците да имаат помалку теоретско учење, а повеќе практична настава во локалните компании. За секој ученик од дуалните паралелки ќе има месечна стипендија од 3.500 денари, а за оние во дефицитарните струки ќе добиваат по 2.200 денари стипендија. Директорот на ЕМУЦ, Кенан Асани се надева дека стипендиите ќе бидат дополнителна мотивација да се зголеми интересот за упис во стручните училишта.

Според конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се околу 30.000 места во 109 средни училишта. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, односно на 23 август 2021.

0 Коментари

Остави коментари