Уписи на првачиња: Во дел од општините намален бројот на новозапишани во однос на сегашната учебна година

Почнаа уписите на идните првачиња. Во училиштата во тек се тестирања на идни ученици  кои наесен ќе го започнат своето прво и најважно образовно патување, седнувањето во училишните клупи.

Во пресрет на новата учебна година 2025/26 директори на дел од основните училишта за ТВ 24 велат дека стравуваат дека во септември не чекаат раситнети одделенија со првачаиња. 

„Согласно предвидениот план предвидено е да се запишат околу 126 првачиња, уписите се почеток и очекуваме дека ќе се запишат сите поканети. Се очекува некоја бројка од 5 до 10% како и од претходните години да не се одзват на нашата покана, но бројката во нашето училиште е константна и секогаш сме спремни да одговориме на поканата на првачињата.“ - Ирина Николовска в.д директорка на Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“.

Статистиките и од изминатите години покажуваат постојан пад на бројот на првачиња. 

- Во 2024/25 во основните и средните училишта ќе има околу 245 илјади ученици, бројка која во последните седум години се намалила за 17 илјади.Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500. -соопштија тогаш од МОН.

Експретите и за новата учебна година како причина ги посочуваат хроничните проблеми, бројот на првачиња се намалува поради апд на наталитетот но и поради трајно иселување на наталитено и работоспособно население. 

- Ако го следиме трендот на бројот на живородени деца во изминатите 10 години а не 5 или 6 години колку што доаѓа за упис, секако треба да чекаме дека бројот на првачиња ќе се намали во однос на бројот на живородени децва кој ги имаме во изминатиот период. Ако секоја година просечно бројот на првачиња на почеток на учебна година се намалува меѓу 500 или 1000 ученици тогаш и оваа година би требало да очекуваме истовремено намалување на бројот на првачиња. - Дончо Герасимовски статистички аналитичар.

Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека оваа учебна година во основните училишта се регистрирани 180.627 ученици и во споредба во учебната 2023/2024 бројот е намален за скоро 1.500 или за 0,8 отсто. Споредбената анализа што ја направи тв 24 покажаува дека бројот на ученици во основните училишта во споредба со училишната  2014/2015 е намален за повеќе од 7 700 ученици или за повеќе од 4 отсто . 

Уписот на првачиња трае до крајот на месец мај.