Упад во контрола на летање - еден вработен во М-НАВ со уште неколкумина непознати, физички нападнале тројца вработени во институцијата

Нападнати вработени во контролата на летање. Лице вработено во М-НАВ заедно со уште неколкумина други влегле во објектот на скопскиот аеродром, најпрво карајќи се и навредувајќи ги вработените, а потоа и физички нападнале тројца бидејќи давале поддршка на протестот и на Синдикатот.

Непознато е како насилниците успеале слбодно да влезат во зградата, но од синдикатот велат дека ќе бараат во иднина МВР да ја обезбедува институцијата, која управува и го контролира цивилниот воздушен сообраќај во земјава.

„Почнале прво со вербална расправија а потоа продолжило со физички напад врз еден од контролорите на летање коиј што е повреден и е колку што знам однесен во болница...Ова е шт осе случубва не е обезвреднување, ова е страшно , ова е веќе кулминација на сета онаа каубојштина и криминал што се дешава во државава.“

Од Струковиот синдикат на контролори на летање, велат дека насилниците со возила влегле без да бидат спречени од обезбедувањето, кое е од надворешна фирма, и на која според синдикатот од пред извесно време и е истечен договорот за соработка. Не реагирало ниту обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект.

“Прашање е како тие влегле во самата оградена површина кога на секој еден што доаѓа му се прави контрола, кој влегува, како влегува. Од друга страна е прашањето како влегле во објектот на контртола на летање каде што имаме наше обезбедување, кој ги пуштил? Тое не е веќе загрозување на секој еден вработен туку загрозување на безбедноста во воздухопловството. “

Од МВР потврдија дека до нив е стигната пријава за физички напад на скопскиот аеродром и дека се работи на расчистување на случајот.

„Денеска околу 15.15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата).“ - велат од МВР.

Нападот се случи по денешната прес-конференција на Тасевски во која тој најави дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација се очекува од денеска да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции. Тасевски вчера беше повикан во полициска станица по пријава за која денеска на фејсбук пишува еден од директорите Хасим Деари. Според Деари Тасевски им упатувал закани кои биле реални и не било случајно тоа што бил повикан во полиција.

Јасно се гледа кој, на кого врши притисок!? Тендерите се во согласност со барањето на Техничкиот сектор и прелиминарниот финансиски план за 2023 година! Сите согласности се добиени од Владата и Министерството за финансии. Зошто синдикатот не реагираше кога беше отворен конкурсот кој траеше само три дена за осум инспектори за цивилен лет?“ - Хасим Деари член на Управен Одбор на М-НАВ.

Од Министерствот за транспорт и врски велат дека ја следат состојбата во М-НАВ, но дека немаат законска надлежност да влијаат врз вработувањата во компнијата...порачуваат дека авиосообраќајот во земјава мора да се одвива непречено и без прекини и бараат професионалност од сите инволвирани.

Со коментар се јавија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Додека Али Ахмети пее во кабинетот на Артан Груби, симпатизери на ДУИ напаѓаат Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот Од партијата прашуваат и дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата.