Универзитетските професори апелираат да не се затвораат уште тие 6-7 средни земјоделски училишта
Земјоделската струка е важен сегмент од секоја држава во нејзиниот развој па така и средното земјоделско училиште во Битола.
Професорот Златко Арсов од Факултетот за земјоделски науки и храна вели,се работи за училиште кое има историјат од преку 110 години и опстојувало и покрај сите препреки и кое после Втората Светска војна добива поголемо значење со тоа што државата започнало да инвестира и да го подигне нивото на образованието во делот на земјоделството фокусирајќи се на средните земјоделски училишта а се разбира и на високото образование. Поентата на земјоделските училишта беше да формираат кадар кој ќе биде директно внесен во производството и да се има основа понатаму за на факултет.
Треба да се размислува да се зачуваат уште тие неколку земјоделски училишта да се задржат.
Од Министерството за образование појаснуваат дека затворање нема да се случи но дека тие што че се запишат од септември ќе почнат да учат во средното училиште „Таки Даскало“, додека тие ученици кои што веќе учат во земјоделското училиште ќе го продолжат својот образовен процес во земојоделското средно училиште.
Министерство за образование и наука
„Земјоделската струка од средното училиште„Кузман Шапкарев“ се префрла во средното училиште „Таки Даскало“ и ова е наведено во Конкурсот за упис во средни училишта за учебната 2026-2027 година. Наставниците не го губат работното место, продолжуваат да им предаваат на запишаните ученици.“- велат од МОН.
Инаку, во моментов бројот на ученици во земјоделското училиште е 9 ученици во прва година во втора година 10 ученици, во 3 година 10 ученици и во 4 година 11 ученици.

