Уништена најголемата брана во јужна Украина - евакуација за десетици илјади лица
Уништена браната Нова Каховка, најголема во Јужна Украина која го снабдува со вода полуостровот Крим и ја обезбедува работата на нуклеарната централа Запорожје...Водата истекува со огромна брзина и носи се пред себе а украинската влада нареди евакуација на жителите на десетина села долж реката Дњепар ..Градот Херсон на југот на државата веќе е под вода, стотина населени места се под закана од поплава а нивото на реката набрзо ќе достигне критично ниво.
Украинската влада ја обвинува москва дека стои зад нападот и дека крајна цел е да се спречи планираната контраофанзива...Руските власти пак велат дека Украина е одговорна за нападот.. Браната, висока 300 метри и долга 3.2 километри, беше заземена од руските сили на почетокот на војната...Првиот човек на регионот, кој е назначен од Русија, тврди дека браната е уништена после неколку ракетни напади кои ги извршила украинската војска...
Браната е уништена во неколку напади. Нивото на водата продолжува да расте. Се увакуираат луѓето кои живеат по текот на реката. Многу објекти се веќе поплавени а објекти за пренос на енергија се уништени. Водата продолжува да тече без никаква контрола.
Браната обезбедува вода за ладење на нуклеарна централа Запорожје, која исто така, е под контрола на руските сили...Од руската државна нуклеарна компанија Росатом тврдат дека нема закана за нуклеарната централа додека пак од меѓународната агенција за атомска енергија велат дека засега ситуацијата не е сериозна...
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја обвини Русија дека сè почесто напаѓа цивилни цели додека пак првиот човек на нато вели дека уништувањето на браната ја покажува бруталноста на русија во војната...Реагираа и од Европската Унија...
Браната е изградена во 1956 година на реката Дњепар како дел од хидроцентралата Каховка и е една од најголемите инфраструктурни објекти од ваков тип во Украина.