УНИЦЕФ е против затворање на училиштата поради корона пандемијата
Foto

УНИЦЕФ е против затворање на училиштата поради корона пандемијата

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат кога за тоа ќе се создадат безбедни услови. Во време кога земјава се соочува со зголемен број заразени од коронавирусот, за најдобар интерес на децата е тоа како и кога училиштата да останат отворени - велат од УНИЦЕФ.

Светските примери покажуваат дека почитувањето на засилените мерки за превенција во училиштата и навременото откривање и изолирање на случаите и нивните контакти, во повеќето ситуации, досега се покажа успешно во спречувањето на растот на бројот на новозаразени. Затворањето на училиштата треба да се разгледува единствено тогаш кога нема други алтернативи 

Слично мислење дели и министерката Мила Царовска, која порача дека во моментов не се создадени услови за да се прекине физичката настава кај дел од децата, бидејќи во училиштата нема ширење на заразата. 

На ист став е и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која оцени дека и состојбата во градинките е под контрола.

Од друга страна, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, побара бесплатни тестови за учителите и наставниците кои би се изработувале еднаш месечно. Тој смета дека на овој начин без застој ќе се одвива воспитниот и образовен процес на децата.

0 Коментари

Остави коментари