Унгарски заем од 500 000 000 евра

Чии се парите од Унгарскиот кредит и се кријат ли компензации на Македонија кон Будимпешта? Дел од аналитичарите изразуваат сомнежи дека е можно вакво нешто.

рофесорот Зоран Ивановски вели дека кредитот воопшто не е спорен, па дури унгарските пари да доаѓаат и од Кина, како што се шпекулира, но само ако нема друга позадина. Од друга страна, вториот човек во министерството за финансии Николче Јанкуловски не знае за ваквите информации, кои се појавија и во унгарските медиуми.

Собранието вчера го усвои законот за задолжување од Унгарија, со кој земјава ќе земе половина милијарда евра од унгарската Експорт - импорт банка. Опозицијата критикуваше дека кредитот бил преговаран тајно, уште кога ВМРО-ДПМНЕ била во опозиција. По вчерашното обвинвање на Фатмир Битиќи од СДСМ дека зад овој кредит се крие Кина, а земјава ќе стане економска зависна од недемократски режими, премиерот Мицкоски денеска го праша - ако толку му пречи изворот на парите, зошто го потпиша договорот за кинескиот кредит за автопатот Кичево-Охрид.

Овој кредит го потиша ВМРО ДПМНЕ, одговори Битиќи за ТВ 24, истакнувајќи дека штетата би била многу поголема ако не се потпишл анекс. Тој му порача на премиерот дека земјава треба да го одбере правецот, но потенцира дека Македонија не е иста пред и после НАТО. Во меѓувреме, министерката за финансии Димитриевска Кочовска во Будимпешта ќе го потпише договорот, по што парите ќе можат да стигнат до компаниите и оштините, за кои е наменет.