Унгарската агенција за управување со државниот долг: Два месеци пред Орбан да му даде заем на Мицкоски, ја задолжил Унгарија во кинески банки

Два месеца пред да позајми половина милијарда евра на владата на Христијан Мицкоски, Унгарија позајмила една милијарда евра од кинески банки, објави унгарската агенција за управување со државниот долг.

Според податоците на агенцијата, Унгарија зела тригодишен заем од кинески банки на 19 април. Заемот се случил само осум дена откако тамошната влада соопшти дека одлага значителен дел од јавните инвестиции поради слаб раст и блокирани ЕУ фондови.

Премиерот Христијан Мицкоски не знае од каде им се парите на Унгарија за заемот, но најави закон за задолжувањето од Орбан што ќе се носи низ транспарентна процедура во владата и собранието, Мицкоски очекува исплатата од 250 милиони евра за бизнсиот да започне веќе во првиот месец од есента. Тој денеска во Стопанската комора порача дека парите за бизнис секторот ќе бидат најпрво понудени на комерцијалните банки, банки без дополнителни трошоци, а ако тоа е неизводливо тогаш, ќе се оди преку Македонската развојна банка. Премиерот тврди ќе има контролни механизми. 

Претседателот на стопанска комора Бранко Азески вели дека и тоа како е важна заедничката соработка и подршката на Власта, која ветува дека ќе биде партнер за развој на стопанството.

Околу барањата на синдикатот, парите од унгарскиот кредит да се дадат на компании кои имаат синдикална организација, претседателот на комората Азески смета дека треба да се разговара додека премиерот Мицкоски вели парите ќе бидат дадени на бизнисот и не може да го дели дали има синдикални организации или не.

И додека премиерот и бизнси секторот се договорија околу поддршката зa бизнисот, од опозицијата и денеска бараат одговори од кај се парите, тој упати барање до владата да го достави до Собранието што побрзо. Исто така на Филипче му е нелогично зошто една земја која нема пари да даде, се задолжува од друго место со многу поголема каматна стапка за да ни даде заем со помала каматна стапка.

Овој заем од Унгарија ќе се искористи во два сегмента 250 милиони евра за бизнисот и другата половина за капитални инвестиции во општините низ Македонија, кои на општоините ќе им бидат достапни од јануари.