Унеско одлучува дали Охрид ќе го префли во листата на региони со наследство во опасност
Foto

Унеско одлучува дали Охрид ќе го префли во листата на региони со наследство во опасност

Наместо денеска одлуката на УНЕСКО за Охрид и охридскиот регион ќе ја соопшти утре на пладне. Утре ќе се знае дали заштитеното светско природно и културно наследство ќе се впише на листата во опасност или не.

Од Охрид СОС и уште 34 други здруженија од Македонија и Албанија бараат да се испочитува одлуката на експертите од последниот извештај, единствено листата на опасност може вистински да го спаси доброто вели Драгана Велковска од иницјативата Охрид СОС.Секоја спротивна одлука ќе значи уште поголема деградација на регионот.

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ поднесе и писмо до Комитетот за светско наследство, поддржано од 18 македонски и 15 албански организации, со апел за впишување на Охридскиот регион во Листата на светски наследства во опасност. Сите се на ставот дека само така брзо и целосно ќе се исполнат препораките.

Охридскиот градоначалник својот став вели ќе го соопшти после донесувањето на одлѕката додека струшкиот не очекува трансфер на регионот на листа во опасност оти смета дека и двете општини а особено неговата исполнила се што досега било препорачано.

0 Коментари

Остави коментари