УНЕСКО и Пендаровски во Париз ќе одбележат 100 години од раѓањето на Ацо Шопов
Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Франција, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов.
Во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, настан во рамки на одбележувањето на „2023 – година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател.
Шефот на државата ќе присуствува на поетски перформанс и изложба во чест на Шопов.