УНЕСКО денеска одлучува за охридскиот регион
Foto

УНЕСКО денеска одлучува за охридскиот регион

Продолжување кон деградацијата на регионот ќе се случува и во иднина доколку УНЕСКО и на оваа сесија одлучи да не го стави Охридскиот регион на листата на светски наследства во опасност, вели Драгана Велковска од граѓанската иницијатива Охрид СОС на само неколку часа пред одлуката на комитет за охридскиот регион.

Доколку сепак се усвои предлогот на експертите кои заклучиле дека регионот треба да се најде на листа во опасност поради неисполнување на голем дел од препораките, тогаш тоа е голем и сериозен чекор кон опоравување на целокупното природно и културно наследство, додава Велковска. 

Одлуката на УНЕСКО за регионот треба да биде соопштена денеска.

0 Коментари

Остави коментари