Умерено до значително облачно, по одредени котлини со утринска магла
Foto

Умерено до значително облачно, по одредени котлини со утринска магла

Времето во земјава ќе биде умерено облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, ќе дува умерен повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -1 до +6, а дневната ќе биде во интервал помеѓу 13 и 19 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура од 1 степен, додека дневната ќе се искачи до +16.

Од ноќеска ќе започне промена на времето, утре во целата земја се очекуваат врнежи од дожд и засилен јужен ветер.

0 Коментари

Остави коментари