Умерен земјотрес регистриран во БиХ
Foto

Умерен земјотрес регистриран во БиХ

По низата земјотреси со епицентар во Албанија, денеска во 10 часот и 20 минути регистриран е замјотрес и во Босна и Херцеговина.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот беше на подрачјето на Херцеговина, 11 километри од Невесиње и 77 километри јужно од Сараево, на длабочина од 10 километри.

За сега нема ионформации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета.

0 Коментари

Остави коментари