Уличната трговија во Струмица ги натера институциите за заедничка координација

Полицијата со комунални инспектори и редари, но и преставници од пазарната инспекција и агенцијата за храна и ветеринарство секојдневно ке прават контроли за да ја спречат уличната трговија во Струмица.

Ваков заклучок донесе локалниот Совет за превенција за да се стопира узурпацијата на јавни простори за продажба на овошје, зеленчук, текстил во пресрет на престојните празници. 

Со години  се провлекува проблемот со уличната продажба. Место во пазарите диви продавачи своето производство или стока ја продаваат на тротоари и улици. Од полицијата кажаа дека ќе ги засилат полициските контроли но ќе бараат и коориднација со инспекторите оти проблемот е повеќе сложен.

Инспекторите соопштија дека прават контроли и казнуваат но со оглед дека станвуа збор за социјално ранливи катеогрии на граѓани тешко се реализираат санкциите и место да се спречи, уличните продавачи повторно се јавуват.

Најкритични се улиците во центарот на градот, но и околу пазарите Чешел, Кантон и пазарот на големо каде трговците и продавачите место во обележаните простори стоката ја продаваат на тротоари и улица