Украинско-руска војна: Убиени македонски платеници во инвазијата на лажни вести

Украинско-руската војна отвори нова пандорина кутија-онаа на лажни вести. Дали се вклучени платеници од други земји меѓу кои и Македонија и колку од нив се починати.

Министерство за одбрана на Русија

Учествувале – 79 Македонци

Загинати – 21 Македонец

Активни – 39 Македонци

Со тврдења дека имаат заминато над 79 Македонци да се борат на боиштата во Украина, а 21 од нив се починати излезе руското Министерство за одбрана. Руските власти тврдат дека и 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, а се активни уште 39 лица. македонското МНР и Министерство за Одбрана - со став- днема наши државјани кои учествуваат во борбата во Украина.

„Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзани со евентуално учество на наши државјани во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војната. МНР постојано и внимателно ја следи ситуацијата преку амбасадата во Украина. Штом ке има нови информации јавноста ке биде информирана.“ - велат од МНР.

Според руското Министерството за одбрана, досега во Украина влегле 6.956 платеници од странство, а по тврдењата на руските власти дека биле убиле и 74 платеници од Хрватска, хрватските власти го негираат ова и велат дека се работи за руска пропаганда.