Украинската војна се претвара во хуманитарна трагедија
Руската војска ја проширува офанзивата во Украина..Градот Днипро како и воени аеродроми во близина на Ивано-Франковск и Луцк беа цел на ракетните напади на руската армија.
Официјалемн Кремљ вели дека војната во Украина ќе заврши во оној момент кога западот и САД ќе ја сфатат сериозно намерана на Русија. Владимир Путин пак денеска ја поддржа идејата странски борци да се приклучат на конфликтот и да и се придржат на руската армија..Според министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, 16.000 доброволци од Блискиот Исток се подготвени да се борат во Донбас.
„Ако видите дека има луѓе кои сакаат на доброволна основа да им помогнат на сепаратистите во Источна Украина, тогаш треба да се сретнете со нив на половина пат и да им помогнете да се префрлат во борбени зони.“ - изјави Владимир Путин претседател на Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зелински ја обвини Русија дека најмува убијци од Сирија да се борат во Украина. Сепак, и покрај ваквата одлука на Руските власти, Зеленски вели дека има пресврт на ситуацијата на терен и сега Украина се движи кон победа.
„Веќе 16 ден се бориме за нашата слобода. Ова е четири пати подолго одошто непријателот планираше за својата инвазија. Четири пати подолго. Против војска која важеше за една од најсилните во светот. Која се надеваше дека Украинците ќе се предадат.“ - изјави Володимир Зеленски претседател на Украина.
Повеќе од 100.000 лица се евакуирани од украинските градови во изминатите неколку дена... Сепак, пристаништниот град Мариупол и натаму е опколени од руските сили и трпи жестоки бомбардирања. Украинските власти ја обвинуваат русија дека постојано го гранатира пристанишниот град и не им дозволува на цивилите безбедно да си заминат.
А лидерите на земјите-членки на Европската Унија денеска во Версај разгледуваат можно двојно зголемување на средствата наменети за воена помош за Украина. Пред нешто повеќе од една недела, за прв пат во историјата, ЕУ одлучи да финансира воена набавка и испорака на оружје и опрема на една земја.