Украина со пресврт ја победи Словачка

Фудбалерите на Украина издвојуваа победа над Словачка со 2-1 во првата средба од второто коло од групата Е на Европското првенство кое се одржува во Германија. Избраниците на Ребров пронајдоа начин да ги освојат трите бода иако губеа на полувреме, триумф со кој се вратија во игра за пласман во осминафиналето.

 
 

Словачка беше далеку подобра во првиот дел на првото полувреме, иницијатива која ја круниса со голот на Шранц во 17 минута. Меѓутоа како што одминуваше времето Украинците фаќаа ритам, се закануваа, меѓутоа на пауза заминаа со негатива. Во вториот дел Украина продолжи во ист стил и во 54 минута со првиот гол на турнирот дојде до 1-1 преку Шарапенко.

 

Овој резултат беше активен до 80 минута кога нововлезениот Јаремчук одлично се снајде и го матираше Дубравка за комплетен пресврт. До крајот немаше промени, па така денешните репрезентации заедно со Романија имаат по три бода, а на „нула“ засега е Белгија што значи постои можност во завршната рунда сите селекции да влезат со идентичен број на поени под услов „црвените ѓаволи“ да го потврда статусот на фаворити со Романците.