Украина го прогласи 6 август за ден на жалост

Шести август е прогласен за ден на жалост во регионот Киев за загинатите во рускиот напад синоќа.

Според „Укринформ“, одлуката ја објави началникот на Киевската регионална воена администрација, Тимур Ткаченко, во објава на „Фејсбук“.

Во знак на почит кон жртвите, украинските знамиња ќе бидат спуштени на половина копје низ целиот регион Киев, додека забавните настани ќе бидат откажани или ограничени.

Според најновите податоци, во комбиниран руски ракетен и беспилотен напад извршен во текот на ноќта на 5 август во регионот Киев загинаа 16 лица, додека 36 други беа повредени.

Русија започна масовен напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Украина преку ноќ, при што загинаа најмалку 17 лица, а 44 беа повредени во главниот град и поширокиот регион Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимки од последиците од нападот на социјалните мрежи, велејќи дека Русија употребила 24 балистички ракети, четири ракети Циркон/Оникс и 115 дронови во воздушните напади.