Украина е победник на Евровизија 2022

Европски центар вечерва беше салата „Пало Олимпико“ и големото финале на Евровизија 2022. Спектакуларното издание го отворија победниците од минатата година, групата Манескин.

Водителската тројка оскаровската пејачка Лаура Паусини, Алесандро Кателан и пејачот Мика, го најавија почетокот на финалето на 66-то издание на Евровизија, во кое настапија 25 земји учеснички со спекталуларен настап.

Меѓу земјите кои се членки на ЕРУ (EBU), кои имаат право на учество, но никогаш не учествувале се Алжир, Чехословачка (до 1992 година), Египет, Јордан, Либан и Либија.

Годинава, вкупно 41 земја учествуваше на Евровизија во две полуфинална вечери од кои само 10 земји се изборија за учество во големото финале. Кој ќе се квалификува за финалето на двете полуфинални вечери одлучуваше комбинацијата на гласовите од публиката и националното жири. Италија, Шпанија, Велика Британија, Германија и Франција или „Големата петорка“, веќе имаат загарантирано место во финалето.

Имено, оваа година само Србија се пласираше во финалето, иако учествуваа и Македонија, Словенија, Хрватска и Црна Гора. Босна и Херцеговина одамна не учествуваат на Евровизија. 

На првата полуфинална вечер во финалето се пласираа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија, на втората, гласовите одлучија во финалето да влезат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија. 

Нашата претставничка Андреа имаше моќен настап со одлична изведба на песната со многу емоции. Настапи самоуверено и беше поздравена го голем аплауз.

Откако беа изведени сите 25 песни, следуваше спектакуларно шоу, а потоа и највозбудливиот дел во која сите земји учеснички гласаа. Поените од 1 до 10 беа испишани, а се соопштуваат само 12 поени.

Македонија годинава 10 поени и даде на Србија, а 12 Шпанија. Битката за прво место се водеше меѓу Англија и Шпанија до последен момент, а во средина на гласањето Србија изби на првото место според гласовите. Според публиката претставникот на Украина со 631 поен.

Според вкупниот број на гласови, победник на Евровизија 2022 е Украина и следната година, 67-то издание на Евровизија ќе се одржи во Украина.