Украдена ѕвездата на Пандев во Струмица
Foto

Украдена ѕвездата на Пандев во Струмица

Струмичани се шокирани што  непознати сторители ја откорнаа и украдоа  звездата од бакар на струмичкиот плоштад посветена на Горан Пандев. Фудбалскиот интернационалец од локалните ласти во 2010 тата доби звезда како знак на благодарност што ја промовира Струмица при освојувањето на Лигата на Шампиони и Светскиот куп во дресот со Интер. Струмичани бараат полицијата веднаш да ги најде сторителите.

Општина Струмица го осуди вандалскиот чин на уништување и крадење на звездата на Пандев. Случајот го пријавиле кај надлежните. Од полицијата информираа дека нивна екипа извршила увид и работи на откривање на сторителите. 

Немам  коментар. Вака ни изјави Горан Пандев кој е предводник на македоснката фудбалска репрезентација а во Струмица има Академија каде членуваат околу 400 млади фудбалери. Паралелно гради и Спротски центар со фудбалски стадион кој најави дека ќе биде готов идната година.

0 Коментари

Остави коментари