УКИМ одбележува 76 години од основањето и патрониот празник денот на Светите Кирил и Методиј - 24 Мај
Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј, најголемиот Универзитет во државава, го прослави својот патронат и 76 години од своето основање.
Ректорот на УКИМ д-р Биљана Ангелова, вели дека на овој ден, важно е да се потенцираат сите досегашни достигнувања на најстариот македонски Универзитет.
Д-р Ангелова за ТВ24 вели дека наредната 77 година на УКИМ, ќе биде посветена на македонските истражувачи со цел тие да останат во државата, но ќе следи и редефинирање на студиските програми. За студентите пак, 24ти мај е важно напоменување дека се она што тие денес го уживаат е резултат на долгогодишната работа на УКИМ.
Со уметничка програма од студентите, во аулата на ректоратот, се одржа и свечената прослава на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„.