УХМР најавува дождливо време со локални невремиња заклучно со викендов

Велес, Росоман, Крива Паланка, Кавадарци беа на удар на силен воздушен бран кој донесе поплави во повеќе региони. Локалната власт и населението на нозе. Поплавени се улици, подруми, куќи. Се бара помош од државата. 

Од Центарот со управување со кризи за телевизија 24 велат дека за само неколку минути невремето предизвикало голема штета во Повардарието и во кавадаречко. 

Подрачјето на Македонија е под влијание на влажна воздушна маса проследена со врнежи секој ден кои се поизразени во попладневните часови циклонот ќе се задржи до крајот на неделата а се очекува да има над 25 литри на метар воден талог информираат од УХМР.

Надојдената вода од врнежите минатата недела направи милионски штети во Делчево и околината на патната, водоводна и канализациона инфраструктурата. Комисијата за проценки на штети е на терен, жителите на Делчево неколку дена пријавуваат штети на куќи, објекти и автомобили. По невремето има две активни свлечишта, од кои загрозени се неколку куќи на жители на Делчево.