УЈП со истраги за фирмите на Бојан Јовановски кои се поврзани со случајот „Рекет“
Foto

УЈП со истраги за фирмите на Бојан Јовановски кои се поврзани со случајот „Рекет“

Управата за јавни приходи ќе ги проверува фирмите поврзани со Бојан Јовановски. Станува збор за БМЈ медиа груп, што се води како сопственик на телевизијата 1 ТВ и Меѓународниот сојуз. Директорката на УЈП вели дека до петок налозите треба да бидат дадени за отпочнување на котрола за финансискиот прилив и одливот на средства во овие фирми, но и на физичките лица кои примиле пари од таму.

ќе постапиме во делот кој што се однесува на даноците, да веќе до петок би требало да ги дадеме налозите за отворање за отпочнување на конторла и во меѓународниот сојуз и во 1 ТВ, исто така и во БМЈ медиа груп и во сите оние останати даночни обврзници со коишто сме утврдиле преку анализата дека постоеле одреден вид на деловни односи. Исто така ќе направиме контрола и на сите оние засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за коишто ќе ги утврдиме исплатите кои што се направени“, изјави Сања Лукаревска, УЈП.

Физичките лица ќе бидат контролирани по основ на остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок, а останатите даночни обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок.

„Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот.“, посочи Лукаревска.

Финансовата полиција веќе одамна работи на случајот. Тие го истражуваат потеклото на парите што се слеале во невладината организација. Дали парите се сомнителни и од каде дошле на сметката. Но засега Финансовата полиција не открива детали за истрагата.

Ќе се истражуваат фирмите поврзани со случајот „Рекет“ иако името на Боки 13 не фигурира никаде во официјалните документи ниту на телевизијата 1 ТВ, ниту на БМЈ Медиа груп. Боки 13 се претставуваше како газда на телевизијата, но според податоците од Централниот регистар сопственик на 1 ТВ е фирмата БМЈ Медиа груп, а нејзини сопственици се Јасна Мандиќ, но и таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, кој воедно е и директор на фирмата.

0 Коментари

Остави коментари