УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава

Вчера повеќе се купуваше во макретите за разлика од првиот бојкот што беше на 31ви јануари. УЈП регистрираше пад на вкупниот промет за 22,12%. Ова е помалку споредено со минатиот петок, кога прометот во осумте најголеми маркети беше речиси преполовен.

- Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Вчера пак, до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари, а издадени се 346.317 фискални сметки.

Управата за јавни приходи излезе со извештај добиен преку ГПРЕС системот, односно регистрираниот готовински промет. Но треба да се земе во предвид дека разлика во трошењето пари за пазарење и тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување и моќ посочуваат од УЈП.

Граѓаните велат дека ова влатите треба да го слушнат гласот на народот и направат измени во законот за ценитте, се купувало она само што е потребно на дневна основа. Разликата на прометот во тие два дена кога се реализирал бојкотот изнесува без малку 67 милиони денари 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок.

Економскиот аналитичар Абил Бауш за ТВ 24 изјави дека бојкотот на маркетите дава само краткорочни ефекти. Според него најважо е да се почитува законот за нефер практики.

Во Хрватска која беше зачетник на бојкотот на маркетите според податоците на Даночната управа бројот на издадени фактури во трговијата на мало на 7 февруари е за 26 отсто поголем од минатиот петок кога почна бојкотот. Вкупниот износ на издадени фактури е поголем за 40 отсто, но споредено со петокот на 17 јануари кога немаше бојкот, бројот на фактурите е помал за 1 отсто. Денеска во Хрватска започнува најавениот седмичен бојкот на малопродажниот синџир „Конзум“, врз основа на анкетата спроведена меѓу граѓаните од платформата „Ало инспекторе“.

Вчера стапи на сила и одлуката на хрватската влада за директни мерки за контрола на цените на одредени производи и категории на производи во трговијата на мало, со која е утврден список од 70 производи со ограничени цени, а оваа мерка има цел да помогне во заштитата на граѓаните од високите цени во продавниците.