УЈП ќе ги “чешла“ заработените пари во странство и во следните пет години – во Куманово протести
УЈП почнува со нови пресметки – наплата на данок за зарботка во странство и во 2021 и годините потоа.
Жители на Куманово кои работеле во странство - на втор протест пред дирекрцијата на УЈП – револтирани од решенијата за наплата на данок. Во бранот за наплата на данок се опфатени над 10 илјади граѓани кои работеле во странство. Рокот за приложување на докази за платен данок во земјата во која работеле е продолжен и доколку дозволува законот – доказите може да бидат прифатени – вели дректорката на УЈП Елена Петрова.
Елена Петрова-директорка на УЈП
„Над 11 000 граѓани персонализирано беа повикани да се вклучат да поднесат сами пресметка за својот доход или доколку сметаат дека не подлежи на оданочување или имаат одреден доказ да го достават соодветниот доказ до УЈП и со тоа да се вклучат во докажувањето на фактичката состојба. Нема општи правила на постапувања, постапување е од случај до случај, зависи од тоа каде лицето има резидентен статус, дали имаме договор со земјата за договор за одбегнување на двојно оданочување.“
Жители на Куманово кои работеле во странство денеска излегоа на протест – втор пат. Граѓани, меѓу кои и лица ангажирани во меѓународни мисии и високоризични зони, алармираат дека се соочуваат со сериозен институционален проблем, добиле за решенија кои се однесуваат на 2020 година и сите овие години не биле информирани дека треба да го направат тоа. Граѓаните велат даночните решенија пристигнуваат со кратки рокови за плаќање.
Со пресметките за 2020-та опфатени биле над 11 000 граѓани - за 6 600 е утрвдено дека треба да платат данок на доход за 2020 година. За останатите е констатирано дека доходот не подлежи на оданочување. 2 200 граѓани самите имаат поднесено пресметка за оданочување. Вкупно утврдениот данок изнесува три милиони евра за 2020 година.

