УЈП: До 31 март е рокот за поднесување пресметки и докази за плата за работа во странство за 2025
До 31 март е законскиот рок за поднесување на електронска пресметка за остварениот доход за граѓаните кои во текот на 2025 оствариле плата во странство, соопшти Управата за јавни приход.
Тие се должни преку системот е-даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство.
УЈП вели дека обврската за поднесување електронска пресметка постои без разлика дали данокот во странската држава е платен или не е платен.
Претходно група граѓани од Куманово, кои биле ангажирани во американските бази во Ирак и Авганистан, одржаа протест и официјално поднесоа документација за формирање на граѓанско здружение „Правда за сите“, преку кое планираат институционално да ги бараат своите права. Според нив Управата не споделува информации во врска со истрагата и документацијата доставена од американска фирма, која се смета за клучна во решавањето на нивниот статус и обврски. Бараат локалната власт да се вклучи како медијатор и да помогне во покренување на овие прашања пред централната власт.

