Угринска во Аргумент плус: Вајц го познава добро Балканот, работи за наши интереси

Копретседателката на ДОМ Ана Угринска  во Аргумент плус рече дека гласањето на извештајот во Европскиот парламент е шанса да се исплива во меѓународните води.

Според неа, Томас Вајц е искусен политичар кој го познава Балканот.

„Вајц е копретседател на европските зелени. Гласањето на извештајот е некоја шанса да се исплива поинаку во тие меѓународни води. Едноставно ќе видиме што ќе се случува. Со резолуцијата која ја имаме изгласано пред неколку години на една од конференциите на европските зелени, ние бевме присутни и тоа е револуцијата со која се назначува дека билатералните прашања нема да се пречка во напредувањето на Македонија. Но ние сме заглавни во тој процес. Томас Вајц го познава Балканот и мислам дека работи за нашите инетерси“, рече Угриноска.