Угостителството станува луксуз за обичниот човек, цените константно растат
Семеен ручек во ресторан или пак сместување за одмор македонскиот народ се помалку може да си дозволи. Цените на угостителските услуги константно растат.
Во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, вредноста на чинење е зголемено за 4,8 oтсто, соопштуваат од државниот завод за статистика. Од последниот нивен извештај најмногу поскапување се бележи кај ноќевањата.
- Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 4.8%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - јули 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6%, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2.4%.- велат од Државнииот завод за статистика.
Животот е скап, на едно семејство од четири члена му треба околу 2000 денари на ден. Последната пресметка на потрошувачката кошница изнесува над 60 000 денари од кои домаќинствата најмногу трошат за храна и пијалоци 36.3 % од пресметаната сума, за ресторани, хотели и сместувачки капацитети пак 3 890 денари или 6.4 отсто.