УЕФА: Мундијалските квалификации продолжуваат во септември со ВАР технологија
Foto

УЕФА: Мундијалските квалификации продолжуваат во септември со ВАР технологија

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави денеска дека во преостанатите натпревари од европските квалификации за Светското првенство 2022 година во Катар ќе биде користена ВАР технологија (Video assistant referee).

Првичните планови на УЕФА за примена на ВАР технологијата беа пролонгирани поради логистички проблеми и ризиците поврзани со пандемијата на коронавирус.

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува мундијалските квалификации на 2 септември во Скопје против Ерменија. Два дена подоцна избраниците на селекторот Благоја Милевски гостуваат во Исланд, а септемврискиот квалификациски циклус ќе го завршат против Романија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

По три одиграни кола, македонскиот состав е второпласиран во групата Ј со шест бодови, три помалку од лидерот Ерменија.

0 Коментари

Остави коментари