УЕФА го суспендираше албанскиот фудбалер поради навреда на Србите и Македонците
УЕФА го суспендираше албанскиот фудбалер поради навреда на Србите и Македонците.
Албанскиот фудбалер Мирлинд Даку беше суспендиран од УЕФА поради навреда на Србите и Македонците.
По мечот со Хрватска (2:2), Даку навредливо скандира против Србија и Македонија. Поради ова, европската куќа на фудбалот го казни со два натпревари неиграње. Тоа значи дека ќе го пропушти натпреварот од третото коло од групата Б во понеделник против Шпанија.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) претходно ги осуди постапките на Даку и побара „релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти“.
Даку во меѓувреме упати извинување преку Фејсбук. А рускиот клуб Рубин Казан, за кој настапува Даку, исто така најави казна за својот фудбалер.
Дваесет и шестгодишниот напаѓач нема да игра утре против Шпанија во третото коло и ќе го пропушти осминафиналето на ЕП, доколку Албанија успее да се пласира во нокаут-фазата. Албанците имаат еден бод по првите две кола.