Учителка од основно училиште меѓу приведените за диструбиција на амфетамин

По професија наставничка, рекреативно дилер на дрога. Покрај основната функција да едуцира деца во населбата Ново Лисиче, наставничката здружена со уште неколку лица го помагала нарко картелот низ 7 скопски локации.

Бизнисот им го нарушил МВР влегувајќи им во трага, синоќа ги лиши од слобода петте лица, меѓу нив и просветната работничка.

Покрај тоа што ја откриле наставничка, било откриена и лабораторија за производство на амфетамин, Дрога со вредност од околу половина милион евра.

Биле пронајдени синтетичка дрога амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази, 

Во акцијата откриени се и автоматска пушка „калашников“, 667 куршуми различен калибар, повеќе дигитални ваги со остатоци од амфетамин, како и опрема и материјали за производство на синтетичка дрога амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, пари за кои се смета дека потекнуваат од продажба на дрога и четири патнички возила.