Училишни маки: Инспекторите на терен, во дел од книжарите попис

За подготовка на еден ученик за на училиште семејството треба да одвои од 3 000 до 5 000 денари само за да се купат помошните материјали за следење на наставата, учебниците се бесплатни, но се друго се плаќа а од каде кога платите се такви какви што се коментираат граѓаните.

Контролорите од државниот пазарен инспекторат на терен ги проверуваат книжарниците колку ја почитуваат одлуката. Ограничувањето е со важност до 20 ти октомври. Казните за непочитување на мерката изнесуваат од 800 до 10 000 евра, во зависност од големината и видот на трговецот појаснува за телевизија 24 директорот на државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Палетата со намалени цени се однесува за: ранци и ташни; тетратки, блокови, нотеси, колажи; моливи; пенкала; дрвени боици; пластелин, теста за моделирање, подлоги; фломастери и маркери; мрсни боици; темперни, акрилни, водени бои и четки; линијари и дидактички материјали ; острилки и гуми за бришење; детски ножици; футроли; и училишни додатоци како што се лепак и шестари, дигитрони, компаси и лупи. Активирани се и од организацијата за заштита на потрошувачи, граѓаните можат и кај нив да пријавуваат евентуална манипулација со цените.

„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ е мотото од мерката која што власта очекува на родителите да им биде полесно околу припремувањето на децата во училиште и потрошат помалку пари за купување на помошниот материјал.