Учеството на Ромите во НОБ

Партизанското движење било противтежа и отпор на нацистичкото и фашистичкото движење во Европа. Во Народноослободителната борба (НОБ) учествувале и голем број на Роми од целата територија на Македонија, се со цел да се ослободат од окупациските сили на нацизмот и фашизмот. Голем број на млади Роми, во најголем дел се приклучуваат во борбата како партизани во третата, седмата, днаваесеттата, шеснаесетата македонска ударна бригада.