Учениците се враќаат во клупите во поплавеното средното училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани
Учениците од поплавеното кочанско училиште „Ѓошо Викентиев“ се враќаат во клупите. Сите 650 ученици ќе учат на првиот кат. Само тој е приспособен откако пред дестина денови водата од последните дождови проби низ откриениот кров што е во фаза на реконструкција. На вториот кат не е возможно да се изведува настава, поради влажните ѕидови и уништениот инвентар.
Дури откако ќе заврши проценката на целокупната штета од општината велат дека ќе го отворат и прашањето на одговорноста.
Сега кровот е завршен, училиштето е покриено. Тогаш од фирмата изведувач рекоа дека ги почитувале стандардите и површината била соодветно заштитена. Но поради отворениот кров беа поплавени седум училници, уништени 70-ина компјутери и друг училишен инвентар.

