Учебниците до учениците многу бавно се дистрибуираат - на што се должи тоа?
Не само што учениците, учебниците ги добиваат со задоцнување, туку кога конечно ќе ги добијат, некомплетирани за сите наставни предмети.
До редакцијата на ТВ 24 стигна реакција на родители на третооделенци од повеќе основни училишта, кои велат дека во текот на денешниот ден добиле известување дека учебниците конечно се пристигнати, но недостасува учебникот по математика. Други пак се жалат дека го немаат учебникот по општество или природни науки. Од министерството за обврзование велат дека
сите учебници кои се одобрени, се испечатени и навремено доставени до училиштата. Оние кои се во постапка, ќе се печатат и доставуваат, веднаш откако ќе се одобрат, со што се потврдува дека дел од учебниците не ги поминале сите филтри за да сигнат до учениците.
“За шесто одделение одобрени се учебниците по природни науки, македонски и албански јазик и веднаш се пристапува кон графичко уредување, печатење и испорака. Одобрен е и учебникот по математика, но во тек е жалбена постапка. Учебникот по турски јазик е во постапка на одобрување, додека за историја и општество се формира авторски тим. Како ќе завршуваат постапките за избор согласно законските прописи, така веднаш учебниците ќе се печатат и испорачуваат.“ - велат од МОН за ТВ 24.
Дека е тешко да се одржи час без учебници потврдува и директорката на ОУ „Љубен Лапе“, Фоника Станоева.
- Наставниците даваат се од себе за да ги одржат часовите, користат наставни листови, и други помагала, но најтешко им е на шестооделенците кои оваа учебна година прв пат се сретнаа со повеќе наставници,во предметната настава, а немаат ниту еден учебник за да го научат наставниот материјал, вели директорката на ОУ „Љубен Лапе“.
На прашањето до МОН зошто досега не беа испечатени дел од учебниците, велат дека сите активности кои се во нивна надлежност биле навреме започнати.
“Се случува на објавен повик за автори или пак за рецензенти да нема ниту една пријава. Се случува по пристигнување на предлог учебник, рецензентска комисија да има забелешки кои мора да се корегираат. Или пак, забелешки може да им Националната комисија за учебници. Тоа се фактори на кои МОН не може да влијае, а кои ги пролонгираат постапките.“ - велат од Министрството.
Најзасегнати од проблемот со ненавмремена дистрибуција на учебници се шестооделенците, чии книги се уште не се дадени на печатење. Тоа го потврди и самиот министер за образование со најава дека учебниците за шесто одделение ќе почнат да се печатат, доколку нема жалбени постапки.
Неодмана Комисијата за заштат од дискриминација пресмета дека на стартот од новата учебна година недостаува секој трет учебник и најави дека ова е пример за системска дискриминација, за што постои основ родители - граѓани да ги тужат институциите.