Убиството на Вања вест и во регионалните медиуми

Свирепото убиството на 14 годишната вања ѓорчевска, на насловните страни на медиумите во регионот. Убиената девојка во Скопје киднапирана заради изнуда, распишана потерница за убиецот на малата Вања.

Српските медиуми, во детали го опишуваат убиството, а повикувајќи се македонските истражни органи, велат и дека главниот осомничен, Љупчо Палевски, неколку дена по двојното убиство, се обидел да се скрие во Србија. 

„Осомничениот за двојното убиство избегал во Белград па во Бугарија.“ - РТС.

Двојното убиство во Македонија објавено и во босанските медиуми кои наведуваат дека по неколкудневна потрага, најдено телото на тинејџерката по која трагаше целата земја. Објавени се и фотографии од местото каде бил запален автомобилот употребен за киднапирање на Вања. Веста ја пренесе и Ал Џезеира каде се наведува дека убиството на 14 годишната девојка го потресе Балканот. 

„Веста дека 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска е пронајдено мртво по седумдневна потрага ја потресе Северна Македонија и целиот регион.“ - Ал Џезеира Балкан.

Радио телевизија Црна Гора, повикувајќи се на изјавата на министерот за внатрешни работи пишува дека киднапирањето на девојчето го организирал нејзиниот татко додека пак Хрватска Нова, открива детали од последните моменти од животот на Вања. 

„Мотивот за киднапирањето на Вања Ѓорчевска (14) од Скопје бил откуп. Но, веста дека таткото на Вања бил вмешан, е навистина вознемирувачка. Тој продолжува да негира вмешаност, а за тоа време осомничените споделија страшни детали од последните часови на Вања.“ - Дневник.хр.

Убиствата се најдоа и во Бугарските медиуми кои повикувајќи се на изјавата на Министерот Оливер Спасовски, велат дека главниот осомничен заедно со неговиот адвокат, побегнал најпрво во Србија, а еден ден потоа, потоа влегол во Бугарија.