Убиството на Багдади не значи и крај на ИД

Не стивнуваат реакциите по убиството на Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на терористичката екстремистичка организација, Исламска Држава. Американската акција во Сирија наиде на позитвини оцени од страна на голем број светски лидери, но, експертите сметаат дека неговото ликвидирање, не става крај на борбата со ДАЕШ.  Професорот Жан-Пјер Филиу вели дека сепак убиството на Багдади е тежок удар за милитантната организација.

„Сепак, не е сигурно дека еден таква симболична загуба ќе влијае на нивната оперативна насока која веќе долго време е во рацете на искусни професионалци. Во тој поглед неговата смрт би можела да има уште помало влијание од убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен.“ - изјави Жан-Пјер Филиу – професор по блискоисточни студии на Универзитетот во Париз.

Дел од аналитичарите сметаат дека исходот од смртта на Багдади ќе биде затишје и пауза од терористички напади. За официјален Техеран, ликвидацијата на терористот број еден во светот не е голема работа. „Си убивте ваш ѕвер“, му порача Иран на Трамп, повторно посочувајчи ги САД дека се креатори на Исламска држава. Дома, пак, претседателот Доналд Трамп се соочува со негодување и остри критики, особено од страна на демократите, но неговите сопартијци, сметаат дека успехот на воената коалиција во Сирија,  е огромен напредок во борбата против светскиот тероризам.

„Претседателот Трамп ги смени правилата на ангажман, кога станува збор за тероризмот. Мислите дека калифатот се уништил? Тој донесе свесна одлука кога отиде во Ирак да ја промени играта кога станува збор за уништување на ИД.“  изјави Линдзи Греам – републикански сенатор.

Кремљ денеска соопшти дека американскиот претседател, Доналд Трамп, дал голем придонес во борбата против тероризмот. Портпаролот, Димитриј Песков, не одговори дали САД за својата операција ја известиле Русија, но кажа дека руската војска ги забележала американските авиони и бесплотни летала во областа каде што Вашингтон го изврши нападот за ликвидација на Ал Багдади. Генералната оценка е дека  убиството на ал-Багдади е значаен момент за понатамошната борба против милитантите од Исламска држава.

Смртта на водачот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади претставува пресвртница во заедничката борба против тероризмот. Убеден сум дека одлучната борба против тероризмот ќе донесе мир за целото човештво.“ - изјави Реџеп Таип Ердоган – претседател на Турција.

А само еден ден по убиството на Багдади,  Исламскат адржава веќе има нов лидер.  Абдулах Кардаш познат како „Каршеш“ наводно бил именуван од самиот Багдади зпред лидерот на џихадистите вчера да биде ликвидиран во воздушен напад на американската армија.