Убиство во Тетово
Убиство во Тетово. Сцена како од акционен холивудски филм денеска се случувала во ценатарот на Тетово. Во 12 часот и 30 минути на крстосницата помеѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово почнала пукотница помеѓу две возила при што се случила и сообраќајна незгода.
Од МВР соопштија дека починатото лице било најдено во автомобил Голф кој бил буквално изрешетан од автоматско оружје. Други две лица се ранети. Од пукотницата со куршум во ногара заврши и 13 годишно девојче кое според информациите на ТВ 24 било во кафе бар со нејзиниот татко кој се наоѓал во близина на инцидентот. Дополнително едно лице е во тешка состојба и е префрлен во скопскиот клинички центар, поради телесна повреда. Лицето случајно минувало на местото на настанот, и било прегазено од еден од автомобилите кои учествувале во престрелката.
МВР
„При преземање мерки, на крстосницата од улица ,,Благоја Тоска" со улица ,,107" било пронајдено патничко возило ,,фолксваген голф" со тетовски регистарски таблички, сопственост на Ф.Р.(46) од Тетово, додека во возилото пронајдено е едно починато лице со прострелни рани од огнено оружје. За настанот е формиран тим со кој раководи дежурен јавен обвинител при ОЈО-Тетово и увидна екипа од СВР Тетово. Во моментот се врши увид. Исто така, во Клиничка Болница -Тетово биле пренесени три лица со повреди од кои едно малолетно девојче од Тетово со повреди од огнено оружје која е задржана на опсервација. Другите две лица О.О.(34) и Р.Т. со прострелни рани, како итни случи се пренесени во Комплексот клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Во престрелката од возилата повреден е и еден пешак А.С.(60) од Тетово, кој бил случаен минувач и бил пренесен во клиниките во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“
Информациите до кои дојде телевизија 24 велат дека станува збор за нерасчистени сметки помеѓу две познати семејства од Тетово кои досега на неколку пати имале меѓусебни инциденти. Засега не се знае точната причина за денешната престрелна во Тетово.

