Убиство во казино во Капиштец
Н.А. (46) од Арачиново е убиен утрово во казино лоцирано на булевар „М.Т.Гологанов“ од страна на познаник со кого претходно играле на апаратите во казиното.
Како што соопшти МВР, иницидентот е пријавен во 8.05 часот во СВР Скопје.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.