Убиство во Инџиково
Foto

Убиство во Инџиково

Нерасчистени долгови или грабеж, синоќа ладнокрвно бил убиен  49 годишен жител на скопско Инџиково. 

Според министертството за внатрешни работи, две маскирани и вооружени лица некаде пред полноќ влегле во неговиот дом, барајќи пари од убиениот, а според пријавеното, откако им кажал дека нема пари, еден од нив извадил пиштол и го застрелал. Убијците веднаш го напуштиле местото на злосторството, а по истите се трага. 

-М.Н. пријавила дека во двор од куќата во селото Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг 49-годишниот И.А. едното од нив со пиштол пукало во него. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. –МВР. 

Според сведочењата на соседите, убиениот во својот дом бил со уште три члена на неговото семејство. Убиениот за да го заштити семејството и себеси им го понудил на маскираните лица и својот автомобил- џип, но не успеал да ги убеди, по што бил застрелан.

Застреланиот важел за мирен човек, бизнисемн во секторот градежништво. Во куќата каде што бил убиен, доаѓал повремено.

0 Коментари

Остави коментари