Убиство при грабеж во скопско Инџиково
Foto

Убиство при грабеж во скопско Инџиково

Пред полноќ имало пријави за пукотници во улица „Шамак„ во скопско Инџиково.

Според првични информации кои ги пренесе Алсат тв, синоќа околу 23 часот две непознати лица маскирани со фантомки вооружени со пиштол влегле во ходникот од куќата на 49-годишниот И.А од Инџиково, кој бил во куќата со сопругата. По заканата тие легнале во ходникот, додека во другата соба имало нивни роднини.

Вооружените напаѓачи им побарале пари, па откако сопственикот И.А им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелало од пиштолот кон И.А и го погодило во пределот на главата, по што двајцата заминале во непознат правец.

Доктор од брза помош констатирал смрт кај И.А.

0 Коментари

Остави коментари