Убиени 12 цивили во ракетен напад на џихадистите во Сирија
Foto

Убиени 12 цивили во ракетен напад на џихадистите во Сирија

Во ракетен напад на џихадистите врз село во Сирија, кое е под контрола на властите, загинале 12 цивили.

Во истиот напад, кој е извршен јужно од градот Алепо во истоимената провинција, повредени се 15 лица.

Медиумите за нападот ја обвинуваат џихадистичката група Хајат Тахрир ал Шам, поранешен огранок на Ал Каеда во Сирија.

Повеќе од 370.000 луѓе загинаа од почетокот на војната во Сирија.

0 Коментари

Остави коментари