Убиен најбараниот човек на светот
Убиен Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади. Првиот човек на ИСИС загинал во Северозападна Сирија за време на напад на американската армија.
Нападот започнал откако, неколку хелихоптери истрелале ракети кон два објекти каде што се претпоставувало дека се крие ал багдади а потоа во акцијата се приклучиле и специјалните единици на американската армија. По неколку часовна престрелка, Ал Багдади го активира експлозивот кој го носел насебе.
„Тоа беше храбра акција. Ниту еден американски војник не загина во операцијата, но убиени се и неколкумина следбеници на Багдади. Резултатите од тестовите се јасни и недвосмислени: тоа беше тој. Багдади умрел плачејќи и врескајќи откако влегол во тунел без излез. Тој активирал самоубиствен елек, убивајќи и три свои деца.“ изјави Трамп.
Претходно американските медиуми повикувајќи се на извори од белата куќа соопштија дека ал багдади загинал при нападот на американските сили во градот Идлиб , кој долго време важеше за упориште на џихадистите.
А турското министерство за надворешни работи соопшти дека во акцијата за пронаоѓање на Ал Багдади учествувале и нивни претставници.
„Пред американската операција од изминатата ноќ во провинцијата Идлиб дојде до размена на информации и кординација на воените власти на двете земји.“ - се наведува во соопштението на Твитер од турското министерство.
И Сириските демократски сили кои се предводени од Курдите, соопштија дека соработувале со САД во акција против Исламска држава.
Во меѓувреме, иранската државна телевизија емитуваше снимка од нападот во кој беше убиен лидерот на исис, Абу Бакр ал-Багдади, кој последен пат беше виден во 2014 година, кога зборуваше во Големата џамија во Мосул.

